Мене омилена. Мислам дека ќе имам истомисленици. Црвенкастата боја која ја добива од цвеклото, ја прави сама по себе декоративна.

Пилешкото месо (можи стек, а можи и копани, со копани мене ми е поубава) убаво се вари со сол. По желба можи да се додади и коцка за пилешки бујон. Оладеното месото се сецка на ситни коцки или се кини на конци.
Исто и саламата и кашкавалот ситно се сецкаат на коцки, а цвеклото се ренда.
Сите состојки се ставаат во еден подлабок сад, се додава мајонезот и црната пипер, се убаво се промешува-изедначува.Се остава во ладилник најмалку 2 часа, да се соединат вкусовите и се сервира по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани