Цвеклото за оваа салата се вари, лупи и се ренда, се остава да се процеди на сито од сокот околу 1 саат. Се зачинува со црн пипер и сол, се рендаат и кашкавалот и шунката, магдонос по вкус, но и не мора. Доколку ставате се сечка и тој, се соединуваат сите состојки заедно со мајонезот и павлаката, се остава да се излади во фрижидер.
Се служи ладна..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови