Нема да ми забележите што досега не сум спомнала оти оризот е мојата најголема љубов после тестенините и го подготвувам на 101 начин, па ова сега е една посна верзија за промена на мени.

Чистен оризот се остава во ладна вода некое време да поднабубри, за тоа време го пропржуваме кромидот на масло во тавче бр.30, ги додаваме печурките, нека запржат, цеден оризот од вода го ставаме и тој да пржи, се додека не почне да се лепат зрната, додаваме вода, коцката од зеленчук и во водата зачините. Кога прокрчка на оган додаваме од соја сосот, го ставаме во загреана рерна нека се печи 20 мин на 200, послужен со лути пиперчиња одличен забрзувач на метаболизмот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови