Ни требаше набрзина спремено јадење. Се договоривме дома да јадеме шпагети…Побрзо нема, па макар и со кечап само…Ама додека се вареа шпагетите си реков да спржам малку кромитче со печурки, да не ги јадеме така само шпагетите… И од никаков ручек, испадна ова вкусно јадење, а како сме во пости мислев гозба дека имавме.

1. Шпагетите ги вариме според упатството на кесата. Ги процедуваме и малку им ставаме масло за да не се залепат.
2. Кромидот и младите кромитчиња ги сечкаме на сечко. Ги ставаме на масло да се пржат на тивок оган.
3. Откако ќе се пропржи, да омекне малку кромидот, ги додаваме сечканите печурки, кои сме ги исекле во сакана големина.
4. На сето ова, кога ќе ни се упржи убаво ( кромидот да биде застаклен веќе) додаваме домати без лушпа од конзерва, кои ги сечкаме со големина по желба. Моите ги сечев на кругови.
5. Ги додаваме сите зачини, промешуваме да се поврзат со сосот и сервираме…Шпагетите ги мешаме со сосот…

Забелешка
На последната слика има еден друг сос кој е направен посебно и во него ги има истите состојки, само нема домати, а има ајвар. Идеја плус за спремање на сос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани