Испечати

Пикантен ориз со соја сос (посно)

Пикантен ориз со соја сос (посно)

Состојки

  • 1 шоља чистен ориз
  • 3шољи топла вода,
  • 1коцка за супа од зеленчук
  • 1главица блендиран кромид
  • 1 мала кесичка печурки-ситно сечкани
  • 1/2лајче кари прав,црн пипер,сув зачин
  • 3лажици соја сос
  • 50мл. маслиново масло

Подготовка

Нема да ми забележите што досега не сум спомнала оти оризот е мојата најголема љубов после тестенините и го подготвувам на 101 начин, па ова сега е една посна верзија за промена на мени.

Чистен оризот се остава во ладна вода некое време да поднабубри, за тоа време го пропржуваме кромидот на масло во тавче бр.30, ги додаваме печурките, нека запржат, цеден оризот од вода го ставаме и тој да пржи, се додека не почне да се лепат зрната, додаваме вода, коцката од зеленчук и во водата зачините. Кога прокрчка на оган додаваме од соја сосот, го ставаме во загреана рерна нека се печи 20 мин на 200, послужен со лути пиперчиња одличен забрзувач на метаболизмот.