28
дек
2014
Печено пиле со зачини
Пилето убаво измијте го и исушете го со кујнска хартија. Посолете го од внатре и од надвор. Премачкајте го од сите страни со зејтинот.
Зачините измешајте ги па со оваа мешавина истријте го пилето од сите страни.
Печете на 180 степени во претходно загреана рерна 80 мин. Откако ќе се испече пилето, оставете го да одмори половина час па сечете парчиња и послужете.
Комбинацијата на овие зачини одлично се вклопува со пилешкото месо. Кој не го сака вкусот на мајчина душица или жалфија може да ги замени со кари и оригано. Пробајте ја и таа комбинација, исто е добра. За оние кои се по пикантните јадења, дел од црвениот пипер може да го заменат со кајенски пипер.
Лиценца: Сите права се задржани