Печени ребра со мед и портокал
Ребрата прво се мијат, се премачкуваат со маслинов зејтин, се зачинуваат со сол и црн пипер од сите страни, се додава некој лист од ловор и се оставаа да одморат во фрижидер.
Цедиме 1 портокал и во сокот додаваме 1 лажица мед, 1 лажичка црвен пипер и 1 лажичка сол. Ги ставаме ребрата во тавата во која ќе ги печеме, додаваме маслинов зејтин врз нив и ги премачкуваме со половина од смесата од портокал и мед само од горната страна.
Во тавата го додаваме и виното. Се става да се пече прво на 200 степени некоја минута и потоа намалуваме на 170 степени. Кога ќе фатат кора, се вртат од другата страна и пак се премачкуват со остатокот од смесата и од другата страна. Се печат околу 2 часа.
Прилогот со ручекот е по ваш избор. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Jas gi pravam so med i limon..i mislam imam postirano tuka recept ....