Печени крофни со фил
Го ставаме млекото и маргаринот заедно, млекото да се стопли, а маргаринот да се растопи, но внимаваме млекото да не се прегрее. Кога е готово го тргаме на страна, го додаваме квасецот, го растопуваме, ставаме шеќер, јајца, ванила, сол и го додаваме брашното.
Змесуваме тесто го оставаме да сташе, го размесуваме и расукуваме на работната маса. Со округол калап вадиме кругови ги полните по желба.
Јас најчесто на расуканата кора на едната половина ставам од филот на растојание да може да се исече крофната одоколу и потоа поклопувам со другата половина, а одозгора ги сечам со округол калап. Така филот останува во средина и краевите убаво се залепуват. Ги редиме крофните во намрсен плех ги оставаме да појдат убаво да ја дуплират висината и потоа ги печеме во загреана релна. Оладени ги нарусуваме со прав шеќер. Овие крофни доколку сакате можете и да ги пржите во масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ovie kako za mene :)))