
4
окт
2014
Пекарски кифли со сусам
Се замесува меко тесто од сите состојки и се остава да стаса.
Од тестото се кинат мали топчиња кои се расукуваат со сукало во облик на кифла.
Се редат, се премачкуваат со жолчка, се посипуваат со сусам и на секоја кифличка се става мало парченце маргарин. Се печат на плех од шпорет обложен со хартија на 200 степени околу 15 минути, односно додека не заруменат.
По желба може и да се стави фил.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови