Паштета од пипер и урда
Ајде додека има пиперки, јас ви предлагам едно вакво нешто, паштета.
- Пиперот испечето го, излупете, сомелете на ситната решетка или со блендер изблендирајте.
- Во тенџере загрејте го зејтинот, додадете пиперот и пржете додека стане како густ сос.
- Тргнете од огнот, додадете ја урдата, пресованиот лук, кимот, магданосот - измешајте да се сите состојки спојат.
- Полнете теглите, затворете и пастеризирајте ги за да се затворат капачките на теглите.
- Додадете ги тегличките на полицата каде што е и останатата зимница.
тоа е тоа... кратко и јасно
Напомена
- кој не сака лук, може да го изостави.
- магданосот го мелам на машинката, што не значи дека не може да го ситно исецкате.
- ако не е солена урдата - досолете на вкус, а наместо урда можете да користите на ситната страна изрендано сирење, но јас предпочитам да користам урда.
- слободно намалувајте ги состојките од рецептот. Јас овој прекрасен готов доручек или мезе (оди и со ракиичка) го спремав од половина доза.
Лиценца: Сите права се задржани