Многу интересни колачи за кои оддамна се спремам да ги направам и еве дојде моментот, тие се направени и еве сега споделени.

За еклерите не напишав рецепт затоа што верувам дека секој си има свој рецепт со кој им се успешни.

За филот
Се вари пудингот со млекото и со шеќерот. Од како ќе се олади се става во пенесто изматен маргарин и потоа со лажица се додава и изматената слатка павлака. Таа ќе си ја изматите од претходно затоа што ќе биде потребна за подоцна.
Секој еклер се сече на половина хоризонтално. Во долниот дел се полни со фил, а врз него се става другата половина ама наопаку, со шуплината одозгора. Од околу се премачкува со слатка павлака и се валка во кикириките.
Од како сите ќе се средат до оваа постапка следува исполнувањето на горниот дел. Со помош на шприц за декорирање се полни со изматената слатка павлака и се декорира по ваша желба.
И веќе на крај на едниот крај врз слатката павлака се става малина. Може да биде и кандирана цреша или било што по ваш вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани