
8
мар
2014
Панцероти со вкус на пица
Се замесува тесто од 2 јајца, втасаниот квасец, млекото, солта, шеќерот, зејтинот, брашното за да се добие средно меко тесто.
Се остава 10 минути да се одмори, а потоа се сучи голема кора и со калапче за панцероти се вадат прво кругови, па кругот се става во калапчето, во средината се става по едно лажиче фил, калапчето се затвора, се вадат панцеротите и се редат во плех, киснат 15 минути, се премачкуваат со изматено јајце, се солат со сусам и се печат во загреана рерна на 200 степени 20ина мин.
Лиценца: Сите права се задржани