Пана кота со прелив од печени јагоди
Ливчињата желатин натопете ги во поголемо количество ладна вода и оставете ги да набубрат.
Во средно големо тенџерче загревајте ја слатката павлака со шеќерот и ванилата, со повремено мешање додека не дојди скоро до вриење и шеќерот сосем не се растопи.
Тргнете на страна. Набубрениот желатин добро исцедете го, додајте го во слатката павлака, па мешајте да се растопи. Процедете низ ситно сито, па распоредете во погодни чаши. Оставете во фрижидер да се стврдни, некаде околу 2 часа.
Загрејте ја рерната на 180 Ц. Во мал сад од огноотпорно стакло ставете ги плочките јагоди, посипете ги со двата вида шеќер, попрскајте со виното, па ставете да се печи 40 - 45 мин додека не се запечат јагодите, а шеќерот не се претвори во сируп. Оставете сосем да се олади, па распоредете во чашите врз стврднатиот крем.
Послужете ладно.
Ако имате желатин во прав, не во ливчина, соодветна количинска замена се 4 1/2 лажички набубрени во 90 мл (6 лажици ) вода.
Не користете растителна слатка павлака, не е исто. Можи и дел од слатката павлака да се замени со коосово млеко, така кремот ќе има дискретна арома на кокос.
Ако сакате да изгледа кремот како на сликата, ладете го така што чашите ќе ги ладите наведнати на една страна.
Можи и целата содржина за крем да ја оладите во еден калап, па пред послужување да ја извртите на соодветна чинија и да прелиете со прелив. Како сакате и како ви оговара.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
после оваа презентација редно ќе биде да направам Пана кота.Декорацијата е одлична,знаев дека е ладен во наведнати чаши,но тоа рачето од стаклениот капак никако не можев да го дешифрирам дур беше сликата во аватар :))
Fala vi :)
Neuspeav da komentiram pred izborot , prekrasen desert ...mmmmmm kremast ,pa jagotki ...ubavina....
Znaev jas kaj mi e pravecot, ama....
нормално дека немав јагоди, уште понормално дека нема да купам од тие прсканите, па и малку слатко од киви (ТВОЕТО) заврши ненормално многу работа :)
Sega cekam den koga ke isprobas nekoj od onie recepti so dvocifren broj na sostojki :))):
Blagodaram, so akcent na "o" :))))
ова го бендиса другарка ми марија на слика уште пред да дојде на роденден, па ѝ го чував :)