Пана кота со прелив од печени јагоди
Состојки
- За крем од слатка павлака
- 1 литар слатка павлака со најмалку 30% млечна маст
- 1/2 шоља (100 гр) шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 20 гр желатин во ливчина
- За прелив
- 500 гр јагоди, исечени на плочки
- 1/2 шоља (100 гр) шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 2 лажици бело вино
Подготовка
Ливчињата желатин натопете ги во поголемо количество ладна вода и оставете ги да набубрат.
Во средно големо тенџерче загревајте ја слатката павлака со шеќерот и ванилата, со повремено мешање додека не дојди скоро до вриење и шеќерот сосем не се растопи.
Тргнете на страна. Набубрениот желатин добро исцедете го, додајте го во слатката павлака, па мешајте да се растопи. Процедете низ ситно сито, па распоредете во погодни чаши. Оставете во фрижидер да се стврдни, некаде околу 2 часа.
Загрејте ја рерната на 180 Ц. Во мал сад од огноотпорно стакло ставете ги плочките јагоди, посипете ги со двата вида шеќер, попрскајте со виното, па ставете да се печи 40 - 45 мин додека не се запечат јагодите, а шеќерот не се претвори во сируп. Оставете сосем да се олади, па распоредете во чашите врз стврднатиот крем.
Послужете ладно.
Ако имате желатин во прав, не во ливчина, соодветна количинска замена се 4 1/2 лажички набубрени во 90 мл (6 лажици ) вода.
Не користете растителна слатка павлака, не е исто. Можи и дел од слатката павлака да се замени со коосово млеко, така кремот ќе има дискретна арома на кокос.
Ако сакате да изгледа кремот како на сликата, ладете го така што чашите ќе ги ладите наведнати на една страна.
Можи и целата содржина за крем да ја оладите во еден калап, па пред послужување да ја извртите на соодветна чинија и да прелиете со прелив. Како сакате и како ви оговара.