Оризот сварете го и исцедете го убаво од водата.
Во тава на оган ставете масло и додајте ги сецканиот кромид, сецканиот целер, ренданиот морков и цветовите брокула.
Откако ќе се запржат додајте ги колбасите исцепкани на мали парчиња.
Пропржете додека колбасот ја смени бојата, па додајте ја супата и оставете на тивко да прокрчка.
Откако супата ке изврие додајте го сварениот ориз, сецканиот магдонос и куркумата.
Зачинете со мешан сув зачин и црн бибер, измешајте и послужете со свежа салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани