Испечати

Ориз со колбаси и брокула

Ориз со колбаси и брокула

Состојки

  • 200гр. ориз
  • 2 свежи мисиркини колбаси
  • 120гр. брокула
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 помало стебленце целер
  • 1 црпалка зеленчукова супа
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 1/4 лажичка куркума
  • по потреба масло, мешан сув зачин , црн бибер

Подготовка

Оризот сварете го и исцедете го убаво од водата.
Во тава на оган ставете масло и додајте ги сецканиот кромид, сецканиот целер, ренданиот морков и цветовите брокула.
Откако ќе се запржат додајте ги колбасите исцепкани на мали парчиња.
Пропржете додека колбасот ја смени бојата, па додајте ја супата и оставете на тивко да прокрчка.
Откако супата ке изврие додајте го сварениот ориз, сецканиот магдонос и куркумата.
Зачинете со мешан сув зачин и црн бибер, измешајте и послужете со свежа салата.