Оризник со коприви
Свежите или сушените коприви најпрвин ги провриваме околу 15 минути. Потоа со ладна вода ги ладиме во цедалка, ја истиснуваме водата од нив. Ги сецкаме ситно. Кромидот и младиот кромид ги сецкаме ситно и во тавата со зејтинот и солта пропржуваме додека малку не порумени. Потоа ги додаваме копривите и пржиме околу 5 минути.
Претходно истребениот ориз исплакнет во две три води го додаваме во тавата, добро промешуваме и пропржуваме неколку минути, Ги додаваме останатите зачини, промешуваме и ја додаваме врелата вода. Во загреана рерна на околу 200 степени го ставаме оризникот. Подготовката односно времетраењето на печењето околу 30 минути.
На 5 минути пред да биде готово јадењето го вадиме плекчето од рерна ,го полеваме со изматените јајца во кои го додаваме магдоносот. Плекчето го враќаме во рерната и после 5 минути оризникот е спремен за послужување. Како прилог можете да додадете кисело млеко или по вкус, павлака или јогурт. Јас јадев и со павлака и со јогурт, сепак повкусно ми беше со јогурт. Ова јадење можете да го оставите и посно, секако и така е вкусно. Се надевам ќе ви се допадне оризникот и ви посакувам пријатен ручек.
Лиценца: Сите права се задржани