Испечати

Оризник со коприви

Оризник со коприви

Состојки

  • 2 чаши ориз ( околу 200 грама чаша)
  • 6 чаши врела вода
  • 3 грсти околу 100 грама свежи или сушени коприви
  • 1 главица кромид ситно сецкан
  • 3 стракчиња ситно сецкан млад кромид
  • 4 јајца
  • 500 мл кисело млеко , кисела павлака или јогурт како прилог
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка мешан зачин, свеж магдонос,црн бибер
  • 12 лажици зејтин

Подготовка

Свежите или сушените коприви најпрвин ги провриваме околу 15 минути. Потоа со ладна вода ги ладиме во цедалка, ја истиснуваме водата од нив. Ги сецкаме ситно. Кромидот и младиот кромид ги сецкаме ситно и во тавата со зејтинот и солта пропржуваме додека малку не порумени. Потоа ги додаваме копривите и пржиме околу 5 минути.
Претходно истребениот ориз исплакнет во две три води го додаваме во тавата, добро промешуваме и пропржуваме неколку минути, Ги додаваме останатите зачини, промешуваме и ја додаваме врелата вода. Во загреана рерна на околу 200 степени го ставаме оризникот. Подготовката односно времетраењето на печењето околу 30 минути.
На 5 минути пред да биде готово јадењето го вадиме плекчето од рерна ,го полеваме со изматените јајца во кои го додаваме магдоносот. Плекчето го враќаме во рерната и после 5 минути оризникот е спремен за послужување. Како прилог можете да додадете кисело млеко или по вкус, павлака или јогурт. Јас јадев и со павлака и со јогурт, сепак повкусно ми беше со јогурт. Ова јадење можете да го оставите и посно, секако и така е вкусно. Се надевам ќе ви се допадне оризникот и ви посакувам пријатен ручек.