30
мај
2021
Окрошка
Интересна салата која штом ја видов на Инстаграм решив да ја направам дома да ја пробаме.
Инаку е слична на таратур, само малку е побогата.
Подготовка:
Стекот, јајцето и компирот ги вариме, ги оставаме да се оладат, па потоа ситно ги сецкаме заедно со краставицата. Ставаме се заедно во подлабок сад, додаваме лук по желба, сол исто така. Ја додаваме павлаката и јогурт, зависно колку сакате да биде потечна или погуста.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ја прават во Русија и Украина.
Омилена е кај нас дома!