Овошни мафини (посно на вода)
Мафините се резултат на мој избор за пост на вода.
Во продолжение постапката за нивна изработка.
Во подлабок сад се гмечи бананата, на страна се цеди сокот од портокалите (потребно е 200мл.сок), се додава шеќерот,се сипа и сокот од портокал и се меша.
Се додаваат оревите, лешници и бадеми. Следува брашното печивото и содата, нека се изедначи смесата.
Во калапи за мафини се става книжни корпици, се полни со лажица секое од нив.
Се печат во загреана рерна на 180 степени додека не поруменат.
Оставете сосема да се изладат 2-3 саати.
Дополнително количество на шеќер не е потребно или доколку сакате шеќер во прав за најгоре ставете помалку шеќер во подготовката на смесата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови