Многу убава торта за посни денови.
Подлога
Во муслите ставете компот и оставете да постои 20 минути.
Бисквити скршете ги на ситно, додајте ги во мусли, додајте кокос и се' заедно замесете.
Ставете ја подлогата во тавче.

За фил
Ставете вода со шеќер да зоврие, додајте гриз и  мешајте додека не загусне. Оставете да истине.
Истинатиот фил изматете го со миксер. Додајте 1 ванила.
Ставете го врз подлогата и оставете во фрижидер да се стегне.
Врз филот наредете овошје по желба, јас ставив јаболко, мандарина и киви.
Во желатинот ставете 50 мл. вода оставете го 10 минути.
Компотот ставете го да зоврие и додајте желатин. Оставете малку да истине и прелијте овошје. Ставете во фрижидер да се стегне желето.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани