Овошна торта со мусли (посно)
Состојки
- 150 гр мусли натура со брусница
- 100 гр бисквити
- 100 гр компот
- 50 гр кокос
- За фил
- 100 гр гриз
- 600 мл вода
- 6 лажици шеќер
- За желе
- 1 јаболко
- 1 мандарина
- 1 киви
- 1 пакетче желатин
- 300гр компот
Подготовка
Многу убава торта за посни денови.
Подлога
Во муслите ставете компот и оставете да постои 20 минути.
Бисквити скршете ги на ситно, додајте ги во мусли, додајте кокос и се' заедно замесете.
Ставете ја подлогата во тавче.
За фил
Ставете вода со шеќер да зоврие, додајте гриз и мешајте додека не загусне. Оставете да истине.
Истинатиот фил изматете го со миксер. Додајте 1 ванила.
Ставете го врз подлогата и оставете во фрижидер да се стегне.
Врз филот наредете овошје по желба, јас ставив јаболко, мандарина и киви.
Во желатинот ставете 50 мл. вода оставете го 10 минути.
Компотот ставете го да зоврие и додајте желатин. Оставете малку да истине и прелијте овошје. Ставете во фрижидер да се стегне желето.
Добар апетит!