28
мар
2015
Овошен хумус
Од вечер имав ставено наут во вода за да набабри зашто така го јадам, суров со сите негови состојки, па експресно ми текна да пробам со јагоди и излезе вкусно.
За да набабри на наутот му требаат 5-6 часа кисне во вода.
Јагодите (кои ги имам смрзнати) ги пододмрзнав и ги ставив медот и наутот, ги изблендирав и потоа ги ставив овесните снегулки и пак блендирав. Оставив некоја минута снегулките да впијат малку од течноста.
Брзо, лесно и здраво.
Со ладниве јагоди одличен би бил како десерт и за во лето.
Лиценца: Сите права се задржани