17
јан
2013
Обланди со алва
Ставете ги водата и шеќерот да зовријат околу 2-3 мин.
Додадете ја алвата ситно сецкана или рендана. Промешајте и тргнете го садот од оган.
Додадете ги мелените ореви и убаво промешајте.
Поделете го филот на 4 дела и филовајте ги обландите.
Ставете одозгора тежок предмет и оставете ги неколку часа или преку ноќ на ладно да се здрват.
Состојките можеби изгледаат едноставно, но обландата има прекрасен вкус-уживајте.
1 шоља=230-240мл
Лиценца: Сите права се задржани
BTW, propustiv nekolku priliki da prasam - Maznikot od avatarot ?
имав алва и почнав да ги правам, кога сфатив дека нема ни ореви, а богами ни биКсвити по дома. стоев и зјапав и се чешав по глава мислејки што да правам, па ми текна. ДОДАДОВ ГРИЗ. се згусна убаво и намачкав, сплескав и едвај чекав да пробам.
шта да ти причам пријатељу. велелепност на сите страни :) :) :) :)
ја смуфтавме двајца за 36 саати. понекогаш ни беше доручек, понекогаш ручек, а богами и вечера. тоа дека НЕ ЈАДЕЛ шеќерко ОБЛАНДИ, знаеш :) :) :) :)
не сум фраерка како тебе да сечам триаголници, тоа е за мене висока школа :) :) :) :)
нели шеќер, вода, алва, убаво се растопи се' и тогаш додадов гриз да се повари и да се згусне колку што мислев дека е ок. ептен од око го правев, саде око се сторив :) :) :) :)