Испечати

Обланди со алва

Обланди со алва

Состојки

  • 1 паковање обланди
  • 2 шољи вода
  • 2 шољи шеќер
  • 450-500 гр алва
  • 200-250 гр мелени ореви

Подготовка

Ставете ги водата и шеќерот да зовријат околу 2-3 мин.
Додадете ја алвата ситно сецкана или рендана. Промешајте и тргнете го садот од оган.
Додадете ги мелените ореви и убаво промешајте.
Поделете го филот на 4 дела и филовајте ги обландите.
Ставете одозгора тежок предмет и оставете ги неколку часа или преку ноќ на ладно да се здрват.

Состојките можеби изгледаат едноставно, но обландата има прекрасен вкус-уживајте.
1 шоља=230-240мл