Одличен рецепт за младите мајки на кои времето злато им вреди.

Млекото се става да зоврие и се додава шеќерот и ванилата. Се меша
додека не се растопи шеќерот, па се додава путерот исечкан на коцки,
оревите, чоколадата и бисквитите.
Обландата се филува со жежок фил, а на последната кора се става тежок
предмет и се остава преку ноќ да отстои.
Брзо и едноставно се припрема и е многу вкусно. Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани