Обланда на коцки

Состојки
- 1 голема обланда
 - 300 гр млеко
 - 400 гр шеќер
 - 2 ванили
 - 250 гр маргарин-путер
 - 150 гр мелени ореви
 - 250 гр мелени бисквити
 - 100 гр чоколада
 - малку зачин кој нема да се купи ,а тоа е ЉУБОВ...
 
Подготовка
Одличен рецепт за младите мајки на кои времето злато им вреди.
Млекото се става да зоврие и се додава шеќерот и ванилата. Се меша
 додека не се растопи шеќерот, па се додава путерот исечкан на коцки,
 оревите, чоколадата и бисквитите.
 Обландата се филува со жежок фил, а на последната кора се става тежок
 предмет и се остава преку ноќ да отстои.
 Брзо и едноставно се припрема и е многу вкусно. Наздравје!