Новогодишна торта
Среќна успешна и бериќетна нека ни е Новата 2023 година .Ви посакувам на сите многу здравје,многу љубов,многу слога и мир во вашите топли домови.
Еве една вкусна едноставна торта накитена со новогодишни медењаци.
1. Темно тесто -Се матат јајцата заедно со шеќероот. Кога ќе се добие густа крем од јајца се додава жешката вода ,просеаното брашно заедно со пецивото и се мати пак со миксер. Потоа се додаваат мелените ореви и исто се мати со миксер.Овде нема шанси да спласне тестото.Напротив ќе биде воздушесто и ровко. Се печи во тава бр28 на 200С-20мин. Се лади тестото и се дели на два дела.Се поливаат корите со ладно млеко или само со рум.
2. Жолто тесто - Се матат јајцата со шеќерот до густина.Потоа се додава просеано брашно и се меша со шпатула.(овде не се бие со миксер).Се печи исто на 200С-20мин во плех округли бр.28.Ова тесто останува едно и се полива со млеко.
3. Крем- Се вари млекото со пудингот и шеќерот. Кога ќе олади се миксира со маргаринот во кој се додава сокот од лимонот и кората.Кога ќе се изедначи кремот се додаваат мелениоте ореви.
4. Тортата се филува темно тесто ,крем,жолто тесто ,крем ,темно тесто крем и обилно се посипува со ореви горе и отстрана.Се декорира со медењаци.
Јас направив две торти од кои другата беше одозгора со рендана бела чоколада .
Лиценца: Сите права се задржани