Нежен колач со мед, лимон и цреши
Совршен десерт, кој дава посебно освежителна нота на секое залче. Ако сте љубител на овошните колачи дефинитивно нема да ве разочара овој прекрасен колач.
Подготовка
Најпрво, изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа, додадете го маслото и јогуртот. Промешајте убаво.
Во смесата, ставете просеано брашно со пециво и цимет. Изрендајте половина кора од лимон Убаво изматете со миксер.
Тавата во која ќе печите, премачкајте ја со путер, а потоа ставете ја смесата.
Одозгора наредете цреши без семки.
Печите на 200 степени околу 15 минути.
Измешајте го медот со сокот од лимон и распоредете го врз топлиот колач
Кога ќе излади, одозгора ставете малку шеќер во прав.
Забелешка
Може црешките да ги замените со друго овошје, по ваша желба.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани