Еден рецепт од Текс - Мекс кујната. Може да биде предјадење, послужување за гости, но и комплетен оброк. Вака јас го правам.

Загрејте ја рерната на 200 Ц.

На неколку лажици масло, на среден оган ставете го да се пржи ситно сецканиот кромид додека не застакли. Додајте го ситно сецканиот лук и меленото месо, па пржете, постојано мешајки додека месото не добие убава боја. Додајте го исцедениот црвен грав, зачините и пропржете кратко, да замирисаат зачините. Додајте ја пастата од домати и водата, па на потивко оставете да се динста додека течноста скоро не испари. Посолете, побиберете и дотерајте го вкусот. Тргнете од оган и додајте го ситно сецканиот магдонос.

Во огноотпорен сад ставете го пченкарниот чипс. Одозгора ставете го месото, а најгоре ренданото жолто сирење.

Печете во рерна кратко, само да се растопи сирењето и се да се затопли, десетина минути.

Одозгора распоредете малку сецкани маслинки и послужете топло со додатоци по ваша желба или без нив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани