Ова е едноставна, зачинета мексиканска супа која е идеална за летните денови. Таа се подготвува од ефтини и здрави состојки достапни на сите пазари, а ние додаваме и малку мексикански Начос чипс кој ѝ дава специфичен вкус и интересна текстура.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 4 големи домати
  • 2 лути пиперки
  • 1 зелена пиперка
  • ½ краставица
  • 1 кромид
  • 2 раце иситнет Начос чипс

Ќе ви треба и:

  • Сол, бибер, маслиново масло и вода

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Длабока тава со рачки.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање: прво ситно исечкајте го зеленчукот – не мора да бидете премногу прецизни меѓутоа, доколку вашите гости уживаат во лута храна, оставете го и семето од лутите пиперки!

Чекор 2: Исечканиот зеленчук ставете го во длабоката тава и пропржете го со маслиново масло. Зачинете со сол и бибер. Потоа, покријте го зеленчукот со вода и оставете го да крчка. На крај додадете го чипсот и оставете го да врие уште 20 минути.

Чекор 3: Оваа супа не треба да ја блендирате бидејќи вака таа ја има препознатливата крцкава текстура. Ние ја сервираме со парчиња Начос чипс од страната и неколку парчиња чипс во средината.

СОВЕТ: Слична како и познатата шпанска супа Гаспачо, оваа летна супа од зеленчук се служи топла, но можете да ја послужите и ладна со парчиња варено јајце. Ќе се изненадите колку вашите пријатели ќе се воодушеват од овој едноставен рецепт.