23
апр
2020
Мраморен колач
Прво се мешаат 2 лажици какао се со 3 лажици вода и 1 лажица шеќер(ова е потребно за темниот дел
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата. Откако ќе се запенат се додаваат маслото, павлаката, млекото и на крај брашното и пецивото. Половина од смесата се одделува и се додава какаото измешано со вода и шеќер.
Во калап за векни (13×8 од помалите) се обложува со мрсна хартија и наизменично се става од смесата.
Се печи во загреана рерна на 160 степени околу 40мин.
На крај може да се прелие со стопено чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови