Брашното, шеќерот и прашокот за пециво се ставаат во голем сад и се промешуваат. Потоа се додаваат млекото, маслото и јајцата и со жица за матење се промешува убаво додека да снема грутчиња.
Се дели смесата на два дела.
Во едниот дел се додава ванилиниот шеќер и се промешува, а во другиот дел се додава какаото и се промешува. Во подмачкан калап со масло се додаваат двете смеси наизменично, па се става да се печи во загреана рерна на 180° околу 20-30 минути. Колачот може да се сервира и топол. По желба се декорира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови