Моја торта
Оваа торта беше по повод роденденот на моето синче, кое наполни 4
години. Направив некои мои комбинации на пандишпани и филови, затоа ја
нареков Моја торта.
Подготовка на белиот пандишпан
Во длабок сад кршиме 3 јајца, додаваме 9 лажици шеќер и матиме со миксер.
Додаваме 9 лажици вода, 9 лажици брашно и 1 прашок за пециво и мешаме
со лажица. Тестото го ставаме во тава за печење ипечеме околу 20 мин
на 200 степени.
Подготовка на кафениот пандишпан
Исто во длабок сад кршиме 3 јајца, додаваме 9 лажици шеќер и матиме со миксер.
Ги додаваме 9 лажици вода, 9 лажици брашно, 1 пециво и 1 лажица какао
и мешаме со лажица смесата да се соедини. Исто печеме 20 минути на 200
степени.
Кога ќе се испечат корите ги сечеме на два дела. (Значи 4 кори)
Подготовка на филот
Во тенџере на оган го налеваме млекото заедно со шеќерот, пудинзите и
брашното. Мешаме се додека не се добие густ крем. Го оставаме да излади.
Во подлабок сад ги матиме маргаринот и шеќерот во прав. Го додаваме и
изладениот крем и матиме филот да се соедини.
Го делиме филот на 4 еднакви дела.
Крем бананките ги сецкаме и ги додаваме во едниот фил.
Чоколадото го топиме на оган и тоа го додаваме во 2 фил.
Бананата ја сечиме на кругови, па на половинки и ја додаваме во 3 фил.
4 фил оставете го за премачкување.
На послужавник ја ставаме прво едната бела кора. Врз неа го
премачкуваме филот со растопеното чоколадо.(Од тој фил оставете
настрана 2-3 лажички) Врз него ја ставаме едната кафена кора. Неа ја
премачкуваме со филот со крем бананки. Врз него ја ставаме втората
бела кора. Во третиот фил со бананите додадете ги останатите лажички
од кремот со чоколадо и измешајте.Премачкајте ја 3 кора со него.Ја
ставаме и 4 кафена кора и премачкуваме со 4 фил цела торта(и
околу).Јас ја опкружив со бел кокос, а одозгора со зелен кокос.
Детето сакаше животни па добро изгледаше како трева ..хаххаа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови