Вкусен млечен десерт, готов за брзо време.

Подготовка:

1. На умерена температура го топиме путерот, па го додаваме гризот, цело време мешајки, пржиме 2-3 минутки. Сега го додаваме млекото, ванилата и шеќерот. Мешаме цело време додека да се згусне, односно додека да се свари гризот. На крај ги додаваме кокосот и сецканите ореви, мешаме уште 3-4 минути.
2. Готовиот десерт го служиме во стаклени чаши или чиничиња. Мене од оваа доза ми испаднаа 6 чаши како на сликата.
3. Нека олади, па декорираме по желба. Јас во случајов со сецкани ореви, по вкус можете да декорирате и со кокос или цимет, па послужуваме.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани