Ова е десерт кој по својот состав изобилува со егзотичен вкус. Откако ја направив посната обланда кажав дека ќе се експериментира со инстант пирето од компири во десерти. Го замислив рецептов и да ви кажам излезе одлична реализација.

Подготовка
Водата и шеќерот ги ставаме во тенџере кое го загреваме до вриење. Откако ќе почне да врие треба да го оставиме така 1-2 минути. Потоа го ставаме инстант пирето и со рачна мешалка интензивно мешаме до згуснување. Го додаваме чоколадото и ванила екстрактот и мешаме додека да се стопи и соедини.Ја тргаме смесата од рингла и го додаваме кокосот. Мешаме до соединување. Ја делиме смесата на два дела.
Во едниот дел додаваме мелени малини, промешуваме, па додаваме мелени лешници и бисквити. Соединуваме. Во другиот дел ставаме сечкани желе бонбони. Во калап со обрач кој го намрсуваме со масло, ја истураме и натапкуваме малинастата смеса, а потоа и белата смеса со желе бонбоните. Оставаме да се спојат вкусовите. Декорираме со слатко од малини.

Забелешка
Користев смрзнати малини кои ги блендирав во Нутрибулет.
Од оваа смеса излегуваат и одлични бомбици. На нашава страна има повеќе рецепти за домашна подготовка на желе бонбони, искористете ги со употреба на растителен желатин и ќе ви биде комплетно посен и овој рецепт.