16
јул
2022
Десерт во чаша со боровинки и кокос
Одличен десерт, пробајте го. Можете да го искористите и за појадок.
Подготовка:
1. Прво во чашата ставете ги семките од чиа, а потоа овесните снегулки. Додајте ги фстаците, а потоа агавето.
2. Врз агаве сирупот ги додадов кокос трошките, а потоа зрната боровинки. Налијте го кокос млекото.Оставете да продре до дното. Јас не го промешав го оставив самото да се упие.
Превкусен десерт, на здравје да ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови