Испечати

Млечен десерт со гриз, ореви и кокос

Млечен десерт со гриз, ореви и кокос

Состојки

  • 100 гр Путер
  • 100 гр Гриз
  • 1 л Млеко
  • 1 Ванила
  • 150 гр Шеќер
  • 30 гр Кокос
  • 50 гр Ореви (сецкани)
  • плус за декорација - сецкани ореви

Подготовка

Вкусен млечен десерт, готов за брзо време.

Подготовка:

1. На умерена температура го топиме путерот, па го додаваме гризот, цело време мешајки, пржиме 2-3 минутки. Сега го додаваме млекото, ванилата и шеќерот. Мешаме цело време додека да се згусне, односно додека да се свари гризот. На крај ги додаваме кокосот и сецканите ореви, мешаме уште 3-4 минути.
2. Готовиот десерт го служиме во стаклени чаши или чиничиња. Мене од оваа доза ми испаднаа 6 чаши како на сликата.
3. Нека олади, па декорираме по желба. Јас во случајов со сецкани ореви, по вкус можете да декорирате и со кокос или цимет, па послужуваме.

На здравје!