Ова е еден од оние рецепти со долго чекање. Ако решите за годинашните празници да ги почастите вашите блиски со колачи од Англиската кујна, дајте му шанса на овој рецепт. Можите да го користите за мини и обични пити, како додаток во мафини, да го спакувате во палмиерс, дури и една лажица да додадете во пита од мелено месо, за поинаков шмек.
Се прави исклучително лесно и се остава да отстои барем неколку недели. Колку повеќе стои, подобро е, а рокот на траење му е до 1 година чуван во фрижидер. Ќе добиете око 1,5 кг минсмит.
Во еден голем сад помешајте го сувото овошје, сецканата кандирана кора од лимон и портокал, бадемите, зачините, ренданиот путер и двата вида кафеав шеќер. Додајте ја ренданата кора и сокот од лимон и трите вида алкохол. Добро измешајте. Покријте со проѕирна фолија и оставете да стои 24 часа, повремено промешувајќи.
Соберете во чисти тегли, добро набивајќи ја смесата. Одозгора ставете еден круг восочна хартија, затворете ги теглите и ставете ги во фрижидер или на ладно место каде ќе ги чувате до употреба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани