Мини чизкејк колачи со киви и манго
1. Бисквитите се кршат на поситни парчиња и во нив се додава претходно растопениот путер. Се меша убаво додека бисквитите и путерот не се соединат.
2. Во калапите за печење се става од смесата со бисквити и убаво се стега со лажица.
3. Во посебен сад се става крем сирење, шеќер во прав, рендана кора од лимон и екстракт од ванила и се меша со миксер неколку минути. Откако состојките ќе се соединат се додават јајцата (едно по едно) постојано мешајќи со миксерот.
4. Вака добиена смеса се распоредува во калапите за печење.
5. Мини чизкејк колачите се печат 20 мунути на 180 степени.
6. Откако ќе се испечат се оставаат да се оладат, а потоа се декорираат со свежо овошје.
Лиценца: Сите права се задржани