Подлога
- Сомелете ги бисквитите, во нив ставете го растопениот путер - разбркајте со лажица да добиете компактна смеса, оставете ја да олади, потоа расукајте кора и со модла вадете ја подлогата соодветна на формата во која ќе ги правите колачите.
За полнењето
- Пригответе го желатинот заливајки го со водата да набубри.
- Од мангото направете пире со процесорот, ставете го во соодветен сад, додадете го шеќерот и загрејте го, додадете го желатинот кој сте го ставиле над пареа да се стопи, разбркајте добро - истурете во помали модли, ставете во фрижидерот да се стегне (можете и во замрзнувачот)

Мус
- Потопете го желатинот со водата и оставете да набубри.
- Загрејте 120 мл.слатка павлака, тргнете настрана и во неа ставете го иситнетото бело чоколадо, додадете го и желатинот, измешајте и оставете да се олади, но не сосема, од прилика до 30 степени. Додека се лади сматете го остатокот од 250 мл. слатка павлака која нема до крај да ја матите - дозволете да остане малку помека, соединете ја со добиената смеса од белото чоколадо.
Измешајте добро да се сите состојки соединат, но не со миксер, туку со лажица.
Оформување
- Во навлажнети силиконски калапи полнето од добиениот мус, во него ставете желираната форма од полнењето кој доколку сам не се потопи во мусот лесно налегнете го, потоа покријте со веќе исечената форма од подлогата. која е во иста форма како и модлата. Оставете во фрижидер да се стегне.
Извадените и веќе добро стегнати и формирани колачи поставете ги на жица и декорирајте ги по ваш избор - со ганаш глазура од бело чоколадо, огледало глазурата (за неа има овде рецепти). Јас прибегнав на најлесното - само ги испрскав.
Напомена
- Јас подлогата ја направив со мешавина од политанка на Винчини со вкус на лешник и бисквити. Во форма на срце ги правев, подлогата ја сечев со калап за слатки во истата форма. Половина од полнењето направив со манго, а половина со портокал - одлично и од двата вкуса. Ништо помалку не е вкусно ако направите од било кое овошје. Мене ми се фаворит со малина.
- Доколку сакате да биде во една единечна форма, тогаш полнењето излијте го во иста така форма која ќе ја поставите целосно на истиот начин како што е напишано погоре.
- Можеби ќе сакате да направите подлога од пандишпан, слободно користете од готовите кори на Винчини или доколку сакате сами да направите, топло ви препорачувам да направите подлога матејки ги белките со додавање на мелени ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани