
Мини мафини со рукола
Овие мини мафини се одличен предлог за послужување на коктел забави, родендени, имендени....
А воедно вака скриена руколата може да ја консумираат и оние кои не ја обожаваат.
Вкусот воопшто не и доминира.
Меки и кревки се и наредниот ден, значи соодносот на состојките е идеално подесен.
Јас направив 48 мини мафини, а може од оваа доза да се испечат 12 големи мафини.
Во вангличка ги ставаме јајцата, солта и биберот и соединуваме со миксер, околу 2 минути.
Со исклучен миксер ги додаваме јогуртот, кој бил на собна температура, маслото, сецканиот беби спанаќ, сецканата свежа рукола, сецканото сирење и сецканата сува печеница.
Убаво со шпатула соединуваме, па додаавме брашно и пециво.
изедначената смеса ја распоредуваме во намрсени и набрашнети кала пи за мини мафини.Не ги полниме до горе, бидејќи во печењето ќе добијаат на волумен.
Половина ги посипав со сусам а половина со лененео семе.
печиме во загреана релна околу 20 минути на 180,190 степени.
испечени ги оставаме во калапот да се подизладат 5 минути, а потоа внимателно ги вадиме.
Ги декорираме со кисела павлака и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани