Милиброд со чоколаден крем
1. Тестото се размесува и се остава да нарасне околу 20 минути.
2. Готовото тесто се дели на 4 дела и од секој дел се расукува кора со дебелина од половина сантиметар. Потоа, се филува со џемот од сливи, а по желба може да се искомбинира и со некој друг вкус. Особено е одличен вкусот на милибродот со мармаладот од смокви.
3. Од секоја кора се прави ролат или плетенка и се ставаат во плех премачкан со маргарин. Секој ролат се премачкува со жолчка од јајце и се посипува со сусам или со сецкани лешници или бадеми.
4. Ролатите повторно се оставаат да нараснат околу 20 минути, а потоа се печат во претходно загреана рерна околу 30 минути.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови