Мексиканско макало (посно)
Пикантно макало кое е одлично и кога не се пости. На тортиља заедно со месо и салата е одличен оброк.
Подготовка
Кромидот, пиперката и чили пиперчето ги ставаме на масло да се упржат. Потоа го додаваме ситно насечканиот лук. Пропржуваме кратко па ги додаваме пченката, гравот и насечканите пелати. Поклопуваме и вариме околу 10 минути, со повремено мешање. При крајот го зачинуваме со зачини по желба и вкус. Половина од подизладената смеса ја ставаме во блендер или Нутрибулет и ја блендираме. Ја соединуваме со останатата половина. Сервираме и служиме.
Забелешка
Ако немате свежо чили пиперче, ставете чили во прав. Блендирањето го правите по желба и вкус. Ако сакате блендирајте ја целата смеса, ама ние сакаме кога дел од пченката и гравот ни крцкаат во уста додека ручаме. Шољата е од 150 мл. Гравот може сами да си го сварите, а може и од конзерва.