Пикантно макало кое е одлично и кога не се пости. На тортиља заедно со месо и салата е одличен оброк.

Подготовка
1. Кромидот, пиперката и чили пиперчето ги ставаме на масло да се запржат. Потоа го додаваме ситно насечканиот лук.
2. Пропржуваме кратко па ги додаваме пченката, гравот и насечканите пелати.
3. Поклопуваме и вариме околу 10 минути, со повремено мешање. При крајот го зачинуваме со зачини по желба и вкус.
4. Половина од подизладената смеса ја ставаме во блендер или Нутрибулет и ја блендираме. Ја соединуваме со останатата половина.
5. Сервираме и служиме.

Забелешка
Ако немате свежо чили пиперче, ставете чили во прав.
Блендирањето го правите по желба и вкус. Ако сакате блендирајте ја целата смеса, ама ние сакаме кога дел од пченката и гравот ни крцкаат во уста додека јадеме.
Шољата е од 150 мл. Гравот може сами да си го сварите, а може и од конзерва. Пченката ми е најчесто од конзерва, а мерките се за сварени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани