1. Пченката се вари, а откако ќе биде сварена се префрла на скара малку да се потпечи (некоја минута) но и не мора.
2. Растопениот путер се меша со мајонезот, и со смесата се премачкуваат кочаните пченка.
3. Се наросува рендано сирење. Во недостиг на оригиналното мексиканско сирење јас ставив рендано биено сирење, а може да искористите и пармезан.

Исто во оригиналниот рецепт се става и чили.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови