16
јан
2015
Мека погача од топчиња
Брза, мека, вкусна погача
Прво во млакото млеко се стваат квасецот и шеќерот со малку брашно.
Кога ќе втаса квасецот се додаваат сите други состојки.
Се замесува тесто, понамеко.
Се остава да кисни 30 минути.
Потоа на работната маса се става 1 лажиче масло и се дели тестото на 25 парчиња.
Врз маслото се правата мали топчиња и се редат во округла тава бр 26.
Се премачкуваат со изматено јајце, се солат со сусам и ленено семе , киснат 20 минути и се печи околу 30 минути на 180 степени.
Лиценца: Сите права се задржани
pa imav kupeno bieno sirewe od Prilepskiot pazar i domasen lut ajvar, nadopolneto so jogurt bese cista 10
Toplo ti ja preporacuvam