Во еден сад се става брашното, шеќерот, циметот, ѓумбирот и пецивото и се меша да се соединат состијките. Се прави дупка на средина и се додава растопениот путер, јајцата, медот и кората од портокал и се заедно се меси да се добие еднолична смеса. Доколку е многу мека може да се додаде уште малку брашно за да може полесно да се вадат фигури.
Потоа се расукува тенка кора и со модли се вадат фигури по желба.
Се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат во загреана рерна на 180Ц додека не заруменат.

Откако ќе се оладат по желба се декорираат. Јас по повод новогодишните празници правев фигури од елки и човечинја и ги декорирав со смеса - шлаг од 2 белки од јајца, 200гр. шеќер во прав и сок од пола лимон се тоа изматено со миксер да добиам густ шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови