Уште еден интересен рецепт од Англиската кујна.
Време за пире.
Во сад на оган се ставаат обичните лупени компири да поварат 15 до 20 минутки.
Откако поминаа минутите ги додаваме лупените слатки компири.
Тие побргу се варат, затоа доаѓаат подоцна во садот.
Оставаме да омекнат и кога се варени ја цедиме водата.
Не си пасирајте во блендер зашто смесата ќе ви стане лигава.
Пасирајте ги со рака со алатка.
Додадете го растопениот путер и  сокот од портокал.
Зачинете со сол, црн бибер и мускантно оревче.
Налијте го млекото и соединете ја смесата.
Ставете цимет и чили во прав.
Вака подготвеното пире го послужив со мариниран стек.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови