Испечати

Пире од сладок компир со портокал и цимет

Пире од сладок компир со портокал и цимет

Состојки

  • 2 парчиња сладок компир
  • 2 парчиња обичен компир
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица путер
  • 1 мала лажичка чили во прав или пиперка во прав
  • 1 портокал ( сокот )

Подготовка

Уште еден интересен рецепт од Англиската кујна.
Време за пире.
Во сад на оган се ставаат обичните лупени компири да поварат 15 до 20 минутки.
Откако поминаа минутите ги додаваме лупените слатки компири.
Тие побргу се варат, затоа доаѓаат подоцна во садот.
Оставаме да омекнат и кога се варени ја цедиме водата.
Не си пасирајте во блендер зашто смесата ќе ви стане лигава.
Пасирајте ги со рака со алатка.
Додадете го растопениот путер и  сокот од портокал.
Зачинете со сол, црн бибер и мускантно оревче.
Налијте го млекото и соединете ја смесата.
Ставете цимет и чили во прав.
Вака подготвеното пире го послужив со мариниран стек.
На здравје